Фото: ФК Шкендија

ПМФЛ: Шампионот победи во Тетово, „пандевци“ со реми го испратија Скопје на бараж со Вардар

Денес беше одиграно и претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига пред кое немаше скоро никаква неизевеност. Единствено Академија Паднев имаше некаков резултатски императив и со ремито против Брегалница го потврди опстанокот во друштвото на најдобрите.

Новиот шампион Струга Трим Лум забележа уште една победа, сега против Шкендија во Тетово со 1:2. Се што беше интересно на оваа средба се случуваше во второто полувреме. Шала ја доведе Шкендија во водство, но десет минути подоцна Рамадани заработи исклучување.

Предноста од играч повеќе Струга знаеше да ја искористи и со два гола на Шабани до крајот на натпреварот го сврте резултатот во своја корист.

Шкупи немаше проблеми и на домашен терен во Чаир ја совлада Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3:0. Два гола за чаирчани постигна Адетунџи, еден беше дело на Али Адем.

Со бодот во Штип против Брегалница, Академија Пандев го обезбеди опстанокот и го испрати Скопје на бараж со Вардар. Додев ги доведе штипанија во водство во 50-тата минута, а конечните 1:1 ги постави Трајков во 67-та минута.

Силекс со головите на Ѓорѓиевски и Манасиевски во првото полувреме го совлада Работнички со 2:0. Најубедлив денес беше Тиквеш кој го декласираше Скопје со 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот