фото: facebook/F.C Voska Sport

ПМФЛ: Натпреварот Воска Спорт – Вардар не го доживеа својот крај

Денеска во рамките од Првата македонска фудбалска лига на натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар дојде до прекин во 76 минута.

Фудбалерите на Воска Спорт при резултат 1:1 одлучија да го напуштат теренот поради судиските одлуки во текот на мечот.

По првото полувреме водеа играчите на Воска Спорт со голот Осеи реалзиран во 14 минута од средбата.

Скопските „црвено-црни“ успеаја да го израмнат резултатот во 71 минута благодарение на погодокот на Дурански.

Во продолжение целото соопштение на ФК Воска Спорт:

„Воска Спорт“ изразува револт и жалба, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за контроверзните одлуки на судиите на последниот натпревар помеѓу нашиот тим и „Вардар“.

Од првата минута од натпреварот, нашите играчи не беа рамноправни на игралиштето со противниците наспроти низа нефер судиски одлуки, што значително влијаеше на текот на играта и исходот од натпреварот. Судиите постојано донесуваа контроверзни одлуки, што доведе не само до нечесна игра, туку и до низа неосновани опомени и казни кон нашите играчи.

За жал, поради овие сериозни неправди, во 76-тата минута нашиот тим беше принуден да се повлече од натпреварот. Веруваме дека ова беше единствената можна одлука за заштита на правата на нашите играчи и спречување на понатамошно мешање во спортскиот интегритет.

Во овој поглед, бараме од ФФМ да ги разгледа контроверзните одлуки на судиите и да преземе мерки за спречување на вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе се спроведе детална истрага на судиските одлуки и дека ќе се обезбеди фер и рамноправна игра за сите тимови.

Во очекување на вашиот одговор и понатамошни упатства, ви благодариме за разбирањето – стои во соопштението на ФК Воска Спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот