фото: facebook.com/KFGGostivari

ПМФЛ: Гостивар го урна шампионот Струга, Шкендија триумфираше над Вардар

Денеска продолжија возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со првите натпревари од пролетниот дел на сезоната.

Екипата на Гостивар како домаќин славеше против актуелниот шампион Струга со 1:0 со погодокот на Потук од пенал во судиското надополнување (90+6`).

Претходно од 67 минута гостите играа со фудбалер помалку поради два жолти картони на Хамза.

Шкендија триумфираше на гостувањето кај Вардар со 2:1. Немаше погодоци во текот на првото полувреме, но затоа ги имаше во второто.

Ибраими донесе позитива за тетовските „црвено-црни“ во 54 минута, па израмни скопскиот клуб преку Закариќ од пенал во 67 минута. Конечниот епилог го постави Тамба во 76 минута победа на Шкендија.

Мируваа мрежите на дуелот Пелистер – Брера Струмица, додека Шкупи со головите на Аворнио (29`) и Имери (75`) го совлада Работнички.

Воска Спорт со 2:0 го надигра тимот на Беса 1976. Бодовите за Воска Спорт ги обезбедија Зуљ во 73 и Осеи во 78 минута од натпреварот.

Силекс ремизираше 1:1 против Тиквеш, клубот од Кратово поведе со голот на Алиќ во 30 минута, а екипата од Кавадарци го избегна поразот во 78 минута преку Садик од пенал.

Прва македонска фудбалска лига
19 коло, резултати:

Гостивар – Струга 1:0
Пелистер – Брера Струмица 0:0
Шкупи – Работнички 2:0
Силекс – Тиквеш 1:1
Вардар – Шкендија 1:2
Воска Спорт – Беса 1976 2:0

Табела: Шкендија 40 бодови, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга 32, Шкупи 25, Пелистер 20, Брера Струмица 20, Тиквеш 15, Воска Спорт 15, Беса 1976 13, Вардар 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот