фото: KF Shkëndija

ПМФЛ: Арсими освои голем бод против шампионот Шкендија во Тетово

Денеска во третото коло од Првата македонска фудбалска лига, актуелниот шампион Шкендија во Тетово не ја оправда фаворитската улога против Арсими играјќи само реми без голови (0:0).

Шкендија беше анемична во првите 45 минути, кога на терен истрчаа фудбалери со помала минутажа сезонава. Тоа го искористија играчите на Арсими, кои имаа целосна контрола врз играта.

Први се заканија токму тие, преку Сикиру, кој со прекрасен обид се обиде да го изненади голманот на Шкендија, но Гуаје интервенираше успешно. На средината на првото полувреме, Џезаир Авдили испрати вистински проектил од 30 метри, но топката помина покрај голот на домашната екипа.

Шкендија за првпат се закани во 36 минута преку Флорент Рамадани, но неговиот удар заврши во рацете на гостинскиот голман. Пет минути пред крајот на првото полувреме се закани и Игњатов со шут од 16 метри, но повторно на вистинското место беше голманот на црвено-црните.

Во 76 минута, Арбин Зејнулаи се најде лице в лице со голманот Ислами, но топката заврши во стативата. Само неколку моменти подоцна, на спротивната страна, во контранапад, Перовиќ шутираше силно, но Гуаје ја испрати топката во корнер. Две минути подоцна, Перовиќ влезе во шеснаесетникот и ја погоди пречката.

Во последните пет минути, Латифи имаше уште една одлична шанса, влезе во шеснаесетникот и го помина гостинскиот голман, но не успеа да шутира, губејќи ја рамнотежата. Во продолжението, Ибраими шутираше силно, но голманот Ислами реагираше уште подобро.

Во наредното коло, Шкендија ќе гостува кај Работнички, додека Арсими во Гостивар ќе го пречека Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот