Фото: Niki Spasov / Alamy / Profimedia

Плажа на Халкидики прогласена за најубава во Европа за 2025

Плажата Гларокавос на полуостровот Касандра во регионот Халкидики во северна Грција е прогласена за најубава плажа во Европа за 2025 година.

Престижната титула за најубава плажа во Европа ја освои грчката плажа Гларокавос врз основа на гласовите на патници од целиот свет, организирани од организацијата ЕБД (Најдобрите европски дестинации – European Best Destinations).

Плажата се наоѓа во истоимената лагуна, а се нарекува и „Сино езеро“.

Гларокавос ги освои срцата на посетителите со својата прекрасна природа – тиркизното море опкружено со борови дрвја, мирот што го зрачи и богатството на културни атракции во близина, со што го заработи прекарот „Синото езеро на Халкидики“, пишува „Грик репортер“.

Фото: Niki Spasov / Alamy / Profimedia

Сместена само на неколку километри од популарниот туристички град Пефкохори, плажата Гларокавос е позната по својот простран песочен брег измешан со камчиња во близина на работ на водата. Како и многу плажи на Халкидики, таа се одликува со кристално чисти сини води и мирна околина заедно со борови кои речиси го допираат морето.

Лагуната е многу популарна кај семејствата, но и кај кајакарите и веслачите. Еден дел од плажата е опремен со лежалки и други туристички содржини, додека другиот им овозможува на туристите да уживаат во недопрената природа.

На овогодинешната листа на најдобри европски плажи се најде и плажата Бање во Дубровник, која го зазеде осмото место на листата.

Десетте најубави европски плажи во 2025 година се:

Гларокавос, Грција
Кала Брандинчи, Италија
Кала Прегонда, Шпанија
Кала Луна, Италија
Гале Фонтањас, Португалија
Ла Пелоса, Италија
Де Лос Муертос, Шпанија
Асос, Грција
Бање, Хрватска
Гулпиури, Шпанија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот