Германија германска полиција
Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Писателка убиена во Германија, осомничен за убиството е нејзиниот син

Полицијата во Хамбург уапси 22-годишен маж осомничен дека ја претепал до смрт својата мајка, позната германска писателка Александра Фролих, пишува списанието „Феникс“.

Злосторството се случило ноќта помеѓу 21 и 22 април, а полицијата добила пријава околу 5:20 часот наутро кога еден од нејзините три сина се јавил во службите за итни случаи.

Според информациите од германски БИЛД, синот осомничен за убиство е во притвор.

Фролих живеела во чуден, розов чамец со црни тркалезни прозорци во последните шест месеци, заедно со своите деца. На и во бродот, полицијата собрала бројни индиции што би можеле да бидат клучни за истрагата.

Апсењето е извршено без отпор во хамбуршкиот округ Ротенбургсорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот