Пионерите на РК Алкалоид обезбедија полуфинале на турнирот во Нант, Франција/Фото: facebook.com/rkalkaloid

Пионерите на РК Алкалоид редат победи на меѓународниот турнир во Франција

Со цел да им се обезбеди врвни услови за тренинг и за напредок, ракометниот клуб Алкалоид ја испрати пионерската екипа (под 16 години) овој викенд да учествува на меѓународен турнир во Франција.

Пионерите на РК Алкалоид победија на сите пет натпревари во групната фаза во Нант и го освоија првото место во групата.

На првиот натпреварувачки ден ги совладаа Хихон од Шпанија и Тулуз од Франција.

Во третиот меч убедливо славеа над Естудијантес (Белгија) со 22:12, а на четвртиот дуел со 30:17 беа подобри од репрезентацијата на Бенин.

Во борбата за првото место во групата со 21:9 пионерската екипа на РК Алкалоид го совлада францускиот Онис.

За пласман во големото финале пионерите ќе играат против екипата на Понтеведра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот