Пионерите на РК Алкалоид остварија седум победи на турнирот во Нант, Франција/Фото: facebook.com/rkalkaloid

Пионерите на РК Алкалоид најдобри на меѓународниот турнир во Франција

Откако беше објавено дека пионерската екипа на ракометниот клуб Алкалоид обезбеди со пет победи во групната фаза, следуваат полуфиналните натпревари.

Македонскиот претставник на меѓународниот турнир во Нант (Франција) на претпоследната пречка триумфираше со 23:20 против шпанскиот состав на Понтеведра.

А во големото финале пионерите на РК Алкалоид во еден драматичен финиш триумфираа против Хихон од Шпанија.

Алкалоид на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите мечеви.

Во согласност со определбите на ракометниот клуб идејата е на своите играчи, вклучително и на најмладите, да им се обезбеди врвни услови за тренинг и за напредок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот