Profimedia

Пинџур, ајвар, малиџано: Традиционални македонски рецепти за зимница

Ма­ке­дон­ска­та до­ма­ќин­ка де­це­нии на­на­зад, во овој пе­ри­од од го­ди­на­та под­гот­ву­ва зим­ни­ца со ко­ја се прех­ра­ну­ва се­меј­ство­то во те­кот на сту­де­ни­те зим­ски ме­се­ци ко­га све­жо­то овош­је и зе­лен­чук е све­де­но на ми­ни­мум. Иа­ко од ми­на­то­то па се до де­нес, мно­гу ра­бо­ти се има­ат про­ме­нето, се­пак, дел од ма­ке­дон­ски­те се­меј­ства се уш­те ја не­гу­ва­ат ве­ков­на­та тра­дици­ја на под­го­тов­ка на со­ле­ни и бла­ги зим­ници. Ме­ѓу нај­поз­на­ти­те кај нас но и оние по кој сме поз­на­ти во свет­ски рам­ки е се раз­би­ра ај­ва­рот, по­тоа турши­јата, пи­пер­ки­те под­гот­ве­ни на сто­ти­ци раз­лич­ни на­чини, мар­ма­ла­дите, ком­по­ти­те и со­ко­ви­те под­гот­ве­ни од раце­те на вред­ни­те до­ма­ќин­ки од се­зон­ско овошје…

Лис­та­та на вак­ви ја­де­ња е мно­гу долга. Се­кој крај на Ма­ке­до­ни­ја има свои ка­рак­те­рис­тич­ни зим­ни­ци а но­во­то вре­ме но­си и од­ре­де­на „мо­дер­ни­за­ција“ на ста­рин­ски­те ре­цеп­ти за чи­ја што под­го­тов­ка би­ло пот­реб­но мно­гу вре­ме и труд.

Инаку, ста­ри­те традицио­нал­ни ма­ке­дон­ски ре­цеп­ти кои има­ат дол­го­го­диш­на ис­то­ри­ја на нив­на под­го­товка, има­ат не­за­бо­ра­вен вкус за кој на­вис­ти­на вре­ди да се пот­ру­ди­ме за да мо­же­ме за­ед­но со нај­блис­ки­те да ужи­ва­ме во те­кот на зим­ски­от пе­риод.

Ај­вар

Кај нас се под­гот­ву­ва­ат не­кол­ку ви­до­ви на ај­вар. Не­кои до­ма­ќин­ки се оби­ду­ва­ат да ја со­чу­ва­ат традицио­нал­на­та ре­цеп­ту­ра за под­го­тов­ка на оваа зим­ни­ца па ко­рис­тат ис­клу­чи­во цр­ве­ни ај­вар­ски пи­пер­ки кои се ка­рак­те­ри­зи­ра­ат со рам­ни пов­рши­ни кои пак се мно­гу по­год­ни пи­пер­ка­та да би­де уба­во ис­пе­че­на а по­тоа и из­лу­пена. Дру­ги до­ма­ќин­ки пак ај­ва­рот го под­гот­ву­ва­ат по свој вкус, па та­ка ос­вен пи­пер­ки ста­ва­ат и мод­ри пат­ли­џани, лу­ти ве­зе­ни пи­пер­ки а не­кои до­да­ва­ат и цр­вен до­мат но и мор­ков.

Се­пак, традицио­нал­на­та под­го­тов­ка на ај­вар е онаа ко­ја се под­гот­ву­ва ис­клу­чи­во од пи­перки.

До­кол­ку са­ка­те да го нап­ра­ви­те овој ре­цепт пот­реб­ни ќе ви би­дат:

30 кг пи­пер­ки за ај­вар

2 лит­ри мас­ло за ја­дење

100 гр ше­ќер

100 гр сол

50 гр вин­ска ки­се­лина

Profimedia

Под­го­товка:

Пот­реб­на­та ко­ли­чи­на на пи­перки, нај­првин уба­во се мие и се пече. Се­ко­ја ис­пе­че­на пи­пер­ка ста­вај­те ја во ке­са за да мо­же­те по­доц­на по­лес­но да ја из­лу­пите.

От­ка­ко ќе зав­рши­те со пе­че­њето, за­поч­не­те со лу­пе­ње­то на пи­пер­ките, при­тоа вни­ма­вај­ќи од нив да ги от­стра­ни­те си­те луш­пи и семки.

По­тоа со­ме­ле­те ги пи­пер­ки­те со ма­ши­на за ме­ле­ње на месо.

На оган ста­ве­те го тен­џе­ре­то во кое ќе го пржи­те ај­ва­рот и ис­ту­ре­те го це­ло­то ко­ли­чес­тво на мас­ло за ја­дење, оце­тот, сол­та и ше­ќе­рот.

По­че­кај­те оваа теч­ност уба­во да зов­рие а по­тоа ста­ве­те ги пи­пер­ки­те да се пржат.

Пр­же­те нај­мал­ку 2 ча­са и пов­ре­ме­но про­бу­вај­те го вку­сот на ај­ва­рот. До­кол­ку сме­та­те де­ка по­стои пот­ре­ба ис­ти­от до­пол­ни­тел­но да го по­со­лите, нап­ра­ве­те го тоа.

От­ка­ко ај­ва­рот ќе би­де го­тов, ста­ве­те го во прет­ход­но сте­ри­ли­зи­ра­ни и заг­ре­а­ни тегли.

Со оваа по­ста­пка под­го­тов­ка­та на ај­ва­рот е го­това.

Пин­џур

Пот­реб­ни сос­тојки:

3 кг цр­ве­ни ај­вар­ски пи­перки

1 кг мод­ри пат­ли­џани

1, 5 кг цр­ве­ни до­ма­ти

300 гр лук

300 мл мас­ло за ја­дење

300 гр лу­ти пи­перки

1 ла­жич­ка сол

1 ла­жич­ка ше­ќер

200 мл вин­ски оцет

Profimedia

Под­го­товка:

Испе­че­те ги пи­пер­ките, мод­ри­те пат­ли­џа­ни и до­ма­тите. От­ка­ко ќе зав­рши­те со тоа,  из­лу­пе­те ги и со­ме­ле­те ги во ма­ши­на за под­го­тов­ка на ме­ле­но месо.

По­тоа, на по­го­лем шпо­рет, ста­ве­те го тен­џе­ре­то за под­го­тов­ка на зим­ни­ци­те и во не­го ста­ве­те ги мас­лото, оце­тот, ше­ќе­рот и сол­та и ос­та­ве­те ги да зов­ри­јат.

Во зов­ри­е­на­та теч­ност, нај­првин ста­ве­те го бла­ги­от и лу­ти­от пи­пер и крат­ко проп­р­же­те ги. По­тоа до­да­де­те го и мод­ри­от до­мат и цр­ве­ни­от до­мат и пов­тор­но уба­во из­ме­шајте.

Пр­же­те око­лу 1 час.

Ва­ка под­гот­ве­ни­от пин­џур, ста­ве­те го во топли, сте­ри­ли­зи­ра­ни тег­ли кои вед­наш ќе ги зат­во­ри­те и ќе ги ос­тави­те прев­р­те­ни да от­стојат пре­ку ноќ до­де­ка не се из­ла­дат.

Ма­ли­џано

Иа­ко мал­ку­ми­на знаат, се­пак, под­го­тов­ка­та на ори­ги­нал­но ма­ли­џа­но се пра­ви ис­клу­чи­во се зе­ле­ни ај­вар­ски пи­перки:

Пот­реб­ни сос­тојки:

12 кг зе­ле­ни пи­перки

10 кг црн пат­ли­џан

2 лит­ри мас­ло за ја­дење

150 гр ше­ќер

130 мл вин­ски оцет

3 ла­жи­ци сенф

2 ла­жи­ци сол

1 ла­жи­ца ше­ќер

ајвар
Flickr

Под­го­товка:

Нај­првин уба­во из­миј­те ги и ис­пе­че­те ги мод­ри­те пат­ли­џа­ни и пи­пер­ките.

От­ка­ко ќе зав­рши­те со нив­но­то пе­чење, за­поч­не­те со лу­пе­ње­то а по­тоа уба­во из­ме­ле­те ги со ма­шин­ка за ме­ле­ње на месо.

До­би­е­на­та смеса, ис­ту­ре­те ја да се пржи во по­го­ле­мо тен­џе­ре во кое прет­ход­но сте заг­ре­а­ле ме­ша­ви­на од масло, оцет, сол и ше­ќер.

Пр­же­те око­лу 3 ча­са а пред ма­ли­џа­но­то да би­де го­тово, до­да­де­те му го сен­фот.

Нај­ве­ро­јат­но од оваа ко­ли­чи­на на пи­пер­ки и мод­ри пат­ли­џа­ни ќе ви ис­пад­нат око­лу 10 тегли.

Вре­ло­то ма­ли­џа­но се со­би­ра во вре­ли тегли, кои се вит­ка­ат со кр­пи за по­сте­пе­но да се из­ла­дат и да се ва­ку­ми­ра­ат за да мо­жат се раз­би­ра да би­дат ква­ли­тет­ни за ја­де­ње во те­кот на зим­ски­от пе­риод.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот