Фото: Архива

Пијана полицајка удрила во пијан велосипедист

Истарската полиција ги објави деталите за несреќата во Ровињ во која беше тешко повреден велосипедист. 

Истрагата покажала дека велосипедистот бил удрен од автомобил кој го управувала 33-годишна полицајка која веднаш побегнала од местото на несреќата, без да му пружи помош на повредениот.

Несреќата се случила околу еден часот попладне кога полицајка, која управувала автомобил „поло“, удрила во велосипедист кој минувал преку пешачки премин на улицата Браже Божиќ во Ровињ, додека свртел десно на раскрсницата. Мажот се здобил со сериозни повреди по ударот, а полицајката наместо да му пружи помош и повика брза помош, продолжила да вози.

Подоцна била приведена, а алко-тестот покажал дека има 0,35, а велосипедистот дури 1,49 промили алкохол во крвта, пишува Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот