Фото: Профимедиа

Пијалак со кој цел ден ќе бидете снабдени со магнезиум!

Телото има потреба од магнезиум за да ги апсорбира и користи хранливите материи. Ако телото не добие магнезиум, тоа не може да ги користи мастите, протеините и јаглехидратите што ги внесуваме секој ден. Стотици ензими се активираат поради магнезиумот и единствено на овој начин организмот ги користи хранливите вредности на храната.

Како да препознаете недостиг на магнезиум?

Недостигот на магнезиум може да доведе до посериозни здравствени проблеми, како што се аритмија, ангина, висок холестерол и висок крвен притисок, како и зголемување на ризикот од срцев удар.

Симптоми на недостиг на магнезиум:

– абнормални и неправилни отчукувања на срцето
– замор и чувство на исцрпеност
– главоболки
– грчење на мускулите
– лошо расположение што доведува до депресија
– ѕвонење во ушите
– проблеми со бубрезите, односно појава на камења во бубрезите

Пијалак полн со магнезиум

Смутито е одличен и едноставен начин да внесете магнезиум во организмот, но и други хранливи материи. Еве кои намирници се добри за овој пијалак.

Семките од лен се одличен извор на магнезиум, освен што имаа антивоспалително дејство, содржат омега-3 масни киселини, кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа што е одговорна за расположението. Бадемовото млеко е исто така извор на магнезиум и витамин Д. Семките од тиква се добар избор, бидејќи нивните состојки ја смируваат нервозата и поттикнуваат добар сон.

Состојки:

• 25 грама семки од тиква
• 200 мл бадемово млеко
• 2 лажици семе од лен
• 1 портокал (или ½)

Подготовка:

Ставете ги семките од лен и од тиква во блендер, па додадете го портокалот. Додадете го млекото и мешајте околу 30 секунди. Оставете кратко за сè да се стегне и да се поврзе.
Пијалакот можете да го консумирате наутро и навечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот