
Петрушевски: Каква била улогата на обвинителот Коцевски во скандалот со прислушување?
Службите за безбедност и разузнавање во периодот од 2019 до 2024 година, наместо за државата, работеле за СДС, а со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, замолчување на новинарите и уцена на бизнисмените, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција. Петрушевски праша каква била улогата на актуелниот обвинител Љупчо Коцевски во скандалот со преслушување.
Препорачано
Тој нагласи дека се работи за скандал од невидени размери и дека според сознанијата кои ги имаат, премиерот Мицкоски, неосновано и со една единствена цел, политичка елиминација бил ставен на оперативна обработка од страна на службите кои ги водели кадри на СДСМ.
„Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси е крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години. Тоа што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање му било загорзено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДС“ рече Петрушевски.
Сознанија кои ги имаат, поткрепени со факти, рече дека ги има и Јавното обвинителство и дека очекуваат одговорност.
Тој праша кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019-та до 2024-та година? Дали е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски?
„Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.
Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?“ праша Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО итно и недвосмислено да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС.
По наводите дека премеирот Христијан Мицкоски, новинари, министри биле следени од страна на вработени во Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, со реакција се јави и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој рече дека има доверба во поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Доневски, кој претходно објави дека премиерот Мицкоски не бил следен од Агенцијата кога тој бил на чело на оваа институција.
Мицкоски порача дека нема да има селективна правда, туку одговорност и правна разрешница за скандалот со прислушување.