Славјанка Петровска / Фото: Канал 5

Петровска предлага сите директори на АНБ да се стават на детектор за лаги

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“, ги повика сите засегнати, како и сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да се согласат да подлежат на полиграфско тестирање пред собраниската комисија за надзор.

Таа ја повтори често користената теза на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е во опозиција, се жали дека нејзините функционери биле следени и го критикуваше одбивањето на владејачката партија за декласификација на документите.

„Зошто не дозволивте да се декласифицираат документите кои се наводно дел од следењето, каде што може да се прочита целата содржина? Може ли вака да се договориме: ако не сакате да ги декласифицираме документите, бидејќи на комисијата беше попречен надзорот, дали се согласувате сите ние во Собранието секој што бил предмет на следење според закон, значи сите што излегоа во јавност, вклучувајќи ги сите директори на АНБ, исклучително сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор?“, праша Петровска во дебатата на „Канал 5“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот