Пр - Дијана Петрова - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Проф. Дијана Петрова - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

Петрова: Новата Концепција ќе гo подобри часот во гимназиите

Бурни реакции предизвика новата предлог Концепција на Министерството за образование и наука за гимназиско образование. Од предложените измени најголемо внимание привлече предметот филозофија кој доколку се прифатат измените би станал изборен предмет и предметите логика и етика коишто ќе бидат целосно отстранени. Концепцијата на јавен увид е до денеска (31 јануари).
Според професорката Дијана Петрова, професорка по македонски јазик при Математичко-информатичката гимназија -Скопје оваа Концепција има и многу позитивни страни.

– Јас при исчитувањето на концепцијата повеќе внимание посветив на понудените методи за одвивањето на наставата, бидејќи сметам дека тоа е најважно. И да воведеме предмет, теорија, односно, тајните на универзумот, нема да има никаков ефект ако не се сменат начините на предавање, ако не се смени методите на предавање за време на часот, ако не се направат часовите да дадат некаков ефект врз учениците. Во однос на предметите кои што ќе бидат исклучени или нивните часови, нивниот број на часови ќе биде намален и бурната реакција на институтите и наставниците од филозофија, логика, етика е сосема разбирливо, затао што се засегнат нивните предмети. Јас јас знам важността на тие предмети и тоа што можат тие предмети да го понудат, меѓутоа мислам дека е многу поважно прво да видиме како да ги смениме часовите, како да ги направиме часовите ефективни или тоа што викаме да внимаваме на таа функционална писменост прво, а потоа, како ќе се среди структурата на часот – рече Петрова за „Слободен печат“.

Целото видиеинтервју со професорката Петрова ќе се емитува следната недела во утринската програма на „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот