
Петров за мечот со Македонија: Не сум политичар, го гледаме фудбалот само како игра
Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Јасен Петров изјави дека е целосно запознаен со составот со кој ќе излезе утре (четврток, 2 јуни) од 18.00 часот против Македонија.
Препорачано
Овој натпревар е прв за двете селекции од новото издание на Лигата на нации, поточно во рамките од Лигата „Ц“.
– Се надевам дека сите ќе бидат здрави во овој циклус, бидејќи има четири натпревари. Фудбалот е најголемата игра. Спорт кој прави многу луѓе среќни. Го гледаме фудбалот само како игра, мора да има љубов, а не омраза. Не сум политичар и нема да заземам став за прашањето меѓу Бугарија и Македонија. Тие мислат дека се фаворити – добро, но и ние имаме свои аргументи. Го почитуваме противникот, но сакаме да победиме. Во Разград владее одлична атмосфера, бидејќи во секој момент сме згрижени, сакам да им се заблагодарам на домаќините – вели Петров.
Потсетување дека дуелот меѓу Бугарија и Македонија во Разград ќе го суди Жереми Пињар од Франција.
Своите очекувања за овој меч ги сподели пред медиумите и бугарскиот репрезентативец Кирил Десподов, играчот на Лудогорец Разград.
– Се надевам дека ние на крајот ќе славиме. Најважно е да играме со срце, душа и ги освоиме трите бода. Се согласувам дека сега сите се фокусираат само на Македонија, но имаме уште три натпревари кои се многу важни. Се надевам дека стадионот ќе биде полн и луѓето ќе нè поддржат да ги израдуваме со победа – рече Десподов.
Стефанов: Бугарија е 100% фаворит, зошто да се плашиме од Македонците, кои се тие?