Колумбиски претседател Густаво Петро EPA-EFE/Natalia Pedraza

Петро: Колумбија нема да извезува јаглен во Израел додека не запре геноцидот

Колумбискиот претседател Густаво Петро најави дека неговата земја наскоро ќе престане да извезува јаглен во Израел додека трае војната во Појасот Газа.

Ќе го прекинеме извозот на јаглен во Израел додека тој не го запре геноцидот, напиша претседателот на јужноамериканската земја во „Х“.

Во мај, тој најави прекин на дипломатските односи со Израел и за владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека „врши геноцид“ поради начинот на кој се води војната во Појасот Газа. Петро, исто така, го прекина купувањето оружје произведено од Израел, еден од главните добавувачи на безбедносните сили на јужноамериканската земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот