Петок со ТОП КНИГА од „Литература.мк“: „Претседателот исчезна“

Бестселерот „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во овој возбудлив и напнат политички трилер, авторските сили ги здружуваат поранешниот американски претстедател Бил Клинтон и најпродаваниот американски писател на криминалистички романи Џејмс Патерсон.

Овој роман, кој критичарите и писателите го прогласија за политички трилер на декадата, е единствен по фактот што еден од авторите црпел инспирација од своето лично претседателско искуство, животот во Белата куќа и начинот на кој врвот на американската власт функционира однатре.

Неговиот протагонист, претседателот Џонатан Ликолн Данкан, уште на самиот почеток е соочен со можноста за отповикување во Конгресот поради сомнежот дека тајно преговарал со еден од наопасните и најбарани кибертерористи – Сулиман Џиндорук, водач на Синовите на џихадот.

Но, она што го загрижува Данкан многу повеќе од тоа и од задкулисните политички игри, е тајната што ја знаат само тој и потесниот круг негови соработници: разорен кибернетички напад од невидени размери што секој момент може да ги погоди САД, да ги фрли на колена и во комплетен хаос…

„Претседателот исчезна“ се искачи на врвот на листата со бестселери на „Њујорк тајмс“, „Ју-ес Тудеј“, „Вол стрит џурнал“ и „Инди“. Веќе се снима истоимена ТВ-серија базирана на романот, со британскиот актер Дејвид Ојелово во главната улога.

Книгата „Претседателот исчезна“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13592

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!