Петков: Наскоро ќе има македонски амбасадор во Софија, ќе биде бизнис-ориентиран и прагматичен

Кирил Петков, премиер на Бугарија/Фото: БТА/МИА

Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува Северна Македонија наскоро да назначи амбасадор во Бугарија. Тој ова го изјави за бугарските новинари кои известуваат за посетата на бугарската делегација на Скопје, откако имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Петков појасни дека се надева тоа да се случи во следните 60 дена.

Пендаровски му порачал на Петков дека штом ќе добие предлог за иден амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, нема да го одложува испраќањето.

Петков рече дека профилот на идниот амбасадор на Северна Македонија ќе биде „бизнис-ориентиран и прагматичен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот