Македонска сивка / Фото: Институт за комуникациски студии

Петиција за спас на македонската сивка, најзагрозена пеперутка во Европа

Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренa петиција за вклучување на македонската сивка, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.

Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на висок ризик од исчезнување, особено поттикнато од побарувачката од колекционери на инсекти.

ИКС и германската организација Pro Wildlife упатија писмо до македонските институции, со барање Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.

Вклучувањето на овој вид во Анекс 1 на Конвенцијата CITES ќе овозможи:

Забрана за меѓународна трговија
Поддршка за национални и гранични контроли
Подигнување на свеста за заштита на видот на глобално ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот