
Петар Богојевски „капарил“ пет милиони вакцини од АстраЗенека, од МЗ му удрија „корпа“
Политичарот Петар Богојески со еуфоричен статус на Фејсбук денеска најави дека со посредство на дипломатски канали и со неговите врски во дипломатски кулоари успеал да обезбеди пет милиони вакцини од производителот АстраЗенека од Велика Британија.
Препорачано
Според напишаното од Богојески, вакцините може да пристигнат за еден ден во Македонија од Британија, но нашата влада треба да направи нарачка.
Меѓутоа, од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека сите понуди од компаниите производители им се познати, вклучително и онаа за која пишува Богојески. Меѓутоа, оваа понуда не е прифатлива, децидни се од МЗ.
„На пазарот во моментов има многу понуди но не се сите возможни или применливи за нас. Некои немаат сертификација, некаде се нудат количини кои се за нас преголеми, на пример минимум 5 милиони дози и слично. Ние сме во постојана комуникација со производителите и ги знаеме сите можности на пазарот”, ни рекоа од Министерството за здравство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5