
Пет работи кои секоја свекрва сака да ѝ ги каже потајно на снаата
Вистинска реткост е да се најде свекрва и снаа кои имаат одличен однос. Постојат свекрви кои се прилично строги и имаат големи очекувања од избраничките на своите синови, но и такви кои ги третираат снаите како свои ќерки и подготвени се да им помогнат во секоја прилика. Без оглед на односот помеѓу вас и вашата свекрва, еве неколку работи кои снаите и свекрвите ги откриле на социјалната мрежа Редит.
Препорачано
И јас поминав низ тоа
„Ја сакам снаата! Имав две ужасни свекрви кои постојано ме шокираа и никогаш не би си дозволила тоа да му го направам на никого. Јас сум секогаш за добра врска. Ако мојот син ја сака, тој ја има мојата поддршка“, вели корисничката @firefightersgirl76.
Ти си ми како ќерка
„Разведена сум. Мојата поранешна свекрва беше најдобриот човек на светот. Се слушаме редовно и патуваме заедно. Таа ме нарекува ќерка и јас ја нарекувам мајка. Среќна сум што ја имам и се чувствувам како дома покрај неа“, напиша корисничката @MinimumCarrot9.
Не очекувам да ме сакаш колку син ми
„Ми требаа години да сфатам дека можеби проблемот не е во тоа што снаите не ги сакаат свекрвите и обратно, туку дека тие не знаат како да се поврзат. Не очекувајте дека вашата снаа ќе ве сака исто како и вашиот син. Всушност, не очекувајте ништо. Дајте си време едни на други”, рече корисничката @Teresa Montgomery-Shafer.
Не сакам да бидам вклучена во вашите расправии
„Свекрвата секогаш има време за мене. Таа е секогаш весела и другите ѝ се приоритет. Не ми е мајка, но се однесува така. Никогаш не бира страна кога се расправаме јас и сопругот. Секогаш нуди непристрастен совет. И мене и на сопругот ни е рамо за плачење и поддршка“, изјави корисничката @goblinqueenac
Жал ми е за сè што син ми ќе направи погрешно
„Една од најсилните работи во мојот живот беше моментот кога мојата поранешна свекрва ми се извини за злоупотребата што ја доживеав од поранешниот сопруг. Сè уште разговараме и денес. Таа ме направи силна жена и ми е вистински пријател. Секогаш ќе ѝ бидам благодарна за тие зборови“, напиша корисничката @Here4TheSnacks.