Фото: Petr Kratochvil /Public Domain pictures

Пет работи кои не треба да ги подарувате за Нова година: Се верува дека носат несреќа и сиромаштија

При купувањето новогодишни или божиќни подароци за саканите, не заборавајте дека постојат работи за кои се верува дека не треба да ги подарувате, затоа што привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној на кој ги подарувате.

На листата непожелни подароци спаѓаат:

1. Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети како магнет привлекуваат негативна енергија. Можете да си ги купите себеси, но како подарок за друг, сепак, немојте.

2. Огледало

Се верува дека во огледалото е заробена магија и дека поради тоа не треба да го купувате за подарок. Наводно, подарувањето огледало носи неволји во животот на оној на кој го дарувате.

3. Часовник

Според народното верување доколку се случи часовникот да престане да работи, тоа може да донесе несреќа. Најдобро би било да избегнувате купување часовник за подарок.

4. Паричник

Паричникот може да го подарите, но важно е тој да не биде празен. Во тој случај, оној на којшто му го подарувате секогаш ќе има проблем со парите.

5. Садови

Ако некому сакате да му подарите тенџериња, садови или шолји, во секој сад ставете по една паричка. Празните садови носат сиромаштија.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот