
Пет кандидати за наследник на Манчини на клупата на Италија
Изненадувачки денес оставка од селекторската позиција на клупата на поднесе Роберто Манчини, па „Аѕурите“ сега се во потрага по нов предводник.
Препорачано
Под водство на Манчини Италија го освои Европското првенство пред две лета, но и доживеа елиминација од Македонија во баражот за Мундијалот во Катар. Од тој момент Италија не игра баш најдобро, па беше поразена и од Англија во квалификациите.
Заминувањето на Манчини дојде неочекувано на неполн месец пред натпреварот против Македонија на 9. септември. Во италијанските медиуми веќе се споменуваат имињата на кандидатите за нов селектор.
Во потесниот круг наводно се Антонио Конте и Лучијано Спалети кој е без ангажман откако на Наполи му го донесе Скудетото минатата сезона по пауза од 33 години. Конте од друга страна веќе беше селектор на Италија од 2014. до 2016 . година.
Покрај Конте и Спалети кои важат за фаворити „Скај Спорт“ ги споменува имињата на Фабио Канаваро, Џенаро Гатузи и Даниеле Де Роси.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5