
Пет грешки поради кои полнетите пиперки никогаш не се доволно вкусни
Секоја куќа има свој рецепт за полнети пиперки. Некои готвачи додаваат суров ориз во смесата со месо, додека други го потпрашуваат на свинска маст, но сите се согласуваат во едно – филот мора да биде сочен, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Тајната на вкусот може да се крие во изборот на соодветен вид месо, а за подобро сврзување на состојките, често се додава и јајце. Полнетите пиперки може да се готват во запршка или во мешавина од супа со зеленчук и концентрат од домати, а „класичарите“ претпочитаат домашен доматен сос.
1. Купувате погрешен вид пиперки
Најсоодветни пиперки за полнење се оние со тенки ѕидови, како бабурите. Секако, може да експериментирате со рог-пиперки или други сорти, но тогаш ќе добиете сосема поинакво јадење од она што традиционално го приготвуваат мајките и бабите.
2. Погрешно избирате месо
Иако секоја домаќинка има свој рецепт, вообичаено се користи мешавина од меленo месо, ориз и кромид, со додатоци како меленa црвена пиперка, бибер, сол, магдонос и лук. Чистото телешко често излегува пресуво, па затоа се препорачува комбинација од телешко и свинско месо – идеалниот сооднос е 70:30 во корист на телешко. Ако сепак се одлучите за чисто телешко, најдобро е да користите месо од плешка. За дополнителна сочност и вкус, некои готвачи додаваат и ситно сечкана сланина.
3. Ги полните пиперките до врвот
По чистењето од семките, пиперките треба да се наполнат со смесата, но не до самиот врв. Оризот при готвење го зголемува својот обем, што може да доведе до истекување на филот и пукање на пиперките. На врвот може да ставите и парче домат – не само што ќе ја задржи смесата внатре, туку ќе додаде и дополнителна арома.
4. Користите премногу запршка
Пиперките припаѓаат на зеленчукот кој потешко се вари, а кога ќе се додаде и маснотијата од месото, плус обилна запршка, лесно може да почувствувате тежина во стомакот. Полесна и поздрава варијанта е да користите помалку запршка или да ја згуснете течноста со разматено брашно во вода.
5. Погрешно ја подготвувате оризот
Причината зошто кај соседите полнетите пиперки се повкусни можеби лежи во подготовката на оризот. Ако користите ориз со слаб квалитет или го преварите, резултатот ќе биде разочарувачки. Најдобро е оризот да се додава суров во смесата или кратко да се запече на масло или свинска маст.