„Бејби шарк“ - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Песната „Бејби шарк“ не е плагијат, пресуди Врховниот суд на Јужна Кореја

Врховниот суд на Јужна Кореја ја отфрли тужбата поднесена од американскиот композитор Џонатан Рајт, кој тврдеше дека јужнокорејската верзија на песната „Бејби шарк“ е плагијат на неговиот аранжман од 2011 година.

Судот заклучи дека верзијата на Рајт не е доволно оригинална за да биде заштитена со авторски права, бидејќи се потпира на народна песна во јавна сопственост, пишува „Би-би-си“.

Пресудата потврди дека „Пинкфонг“ (Pinkfong), јужнокорејската компанија што објави верзија на песната што стана глобален хит во 2016 година, не го прекршила законот за авторски права.

Џонатан Рајт сними верзија на мелодијата во 2011 година, базирана на детска народна песна. Верзијата на Пинкфонг беше објавена во 2016 година.

Рајт рече дека ги поседува авторските права за интерпретацијата, но „Пинкфонг“ тврдеше дека нејзината верзија е аранжман на истата народна песна, која е во јавна сопственост.

Оригиналната верзија на „Бејби шарк“ стана најгледаното видео на „Јутјуб“ на сите времиња во ноември 2020 година, на врвот на пандемијата, откако собра седум милијарди прегледи. Нешто повеќе од една година подоцна, стана првото видео на „Јутјуб“ што достигна 10 милијарди прегледи.

Во образложението на корејскиот суд се вели дека и двете песни се преработки на традиционална песна која била популарна во летните кампови во САД во 1970-тите години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот