Песков: „Нема ништо политичко“ во предлогот за „пречистување“ на границите во Балтикот

Димитри Песков / Фото: Sergei Bobylev / Sputnik / Profimedia

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во изјава за медиумите вели дека „нема ништо политичко“ во предлогот на руското Министерство за одбрана за „пречистување“ на границите на земјата во Балтичкото Море, „иако политичката ситуација значително се промени“ неодамна.

„Гледате како ескалираа тензиите и какво е нивото на конфронтација, особено во балтичкиот регион. Се разбира, тоа бара соодветни чекори од нашите релевантни тела за да се обезбеди нашата безбедност“, рече Песков за новинарите.

Во нацрт-предлогот што го објавија некои руски медиуми, руското Министерство за одбрана предлага ажурирање на координатите што се користат за одбележување на територијалните води во близина на рускиот копнен брег и на островите во Балтичкото Море.

Постојните координати се одобрени во 1985 година, велат од Министерството, додавајќи дека тие се „засновани на мапи за наутичка навигација од мал обем“ и не одговараат на „модерната географска ситуација“.

Од нацртот не беше веднаш јасно дали предложените промени ќе ја поместат границата или само ќе ја разјаснат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот