Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Песков: Денешниот самит нема да биде лесен, но ќе донесе напредок
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека разговорите на Владимир Путин со американскиот претседател Џозеф Бајден „нема да бидат лесни”, но веројатно ќе донесат барем одреден напредок.
Препорачано
На неколку часа пред почетокот на самитот Русија – САД, што се одржува во Женева, Песков кажа дека темите што ќе бидат на дневниот ред се „доминантно проблематични”.
Тој изјави дека има многу прашања што долго време беа занемерувани и за кои сега треба да се разговара.
-Затоа претседателот Путин доаѓа со став искрено и конструктивно да поставува прашања и да се обиде да најде решенија, рече Песков.
Тој оцени дека денешниот ден нема да биде историски и дека не треба да се очекуваат големи достигнувања затоа што руско-американските односи се на најниската точка.
-Меѓутоа, фактот дека двајцата претседатели се договорија конечно да се сретнат и да почнат отворено да разговараат за проблемите е веќе достигнување. Можеме да кажеме дека самитот се уште не е почнат, а веќе има позитивен резултат, но не треба да се очекуваат никакви откритија, Рече Песков.
Тој додаде дека билатералните прашања за кои Русија сака да разговара ги вклучуваат стратешката стабилност, контролата на оружјето, соработка во регионалните конфликти, соработка во борбата против пандемиите и климатските промени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
19мин
-
34мин
-
41мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5