Пешиќ по 19 години се враќа селекторската функција/ фото. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Пешиќ го напушта селекторското столче на Србија – 37 години помлад тренер главен кандидат за негов наследник

Српската кошаркарска репрезентација претрпе големо разочарување на Европското првенство, откако неочекувано беше елиминирана уште во осминафиналето од селекцијата на Финска. Иако „Орлите“ важеа за еден од главните фаворити за златото, не успеаја да ги оправдаат очекувањата и прерано ги завршија настапите на шампионатот.

Овој неуспех донесе и промени на селекторската позиција. Искуствениот стратег по завршувањето на првенството донесе одлука да се повлече од селекторската функција. Пешиќ, кој во својата богата кариера има освоено бројни трофеи и со клубови и со репрезентации, не успеа да донесе ново злато за Србија, иако тимот беше составен од искусни и квалитетни играчи.

Како најсериозен кандидат за негов наследник во моментов се споменува младиот и амбициозен тренер Душан Алимпијевиќ, кој моментално работи како шеф на стручниот штаб на турскиот Бешикташ. Алимпијевиќ веќе има искуство со водење големи екипи, откако во својата рана тренерска кариера беше и на клупата на Црвена звезда, со која настапуваше во Евролигата.

Одлуката на Кошаркарската федерација на Србија се очекува во наредниот период, а јавноста со голем интерес го следи развојот на ситуацијата.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот