Перински во Центар: Политичките разлики не се пречка за напредок во интерес на граѓаните

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома”, денеска ја посети Општина Центар и одржа работна средба со градоначалникот Горан Герасимовски и членовите на општинскиот Совет. За време на средбата разговараа за активните проекти во општината, плановите за понатамошен развој на централното градско јадро, а акцент беше ставен и на тековните предизвици, како што се недостигот од паркинг места и проблемите со јавната хигиена, за кои беа разменети идеи и предлози за нивни системски решенија.

Перински и Герасимовски се согласија дека политиката за нив не е и нема да биде пречка за развој на општината, дека политичките разлики се лесно надминливи, доколку посветено и искрено се работи во интерес на конкретни решенија за подобро утро на секој граѓанин.

Тие дискутираа и за планираните измени на Законот за локална самоуправа, коишто, како што заклучија сите присутни, ќе се овозможи зголемување на отчетноста на градоначалниците, транспарентноста на општините, а ќе се обезбеди и поголема ефикасност на локалните власти, овозможувајќи им брзо и ефикасно решавање на голем дел од проблемите на терен со кои сега се соочуваат.

Перински посочи дека Министерството за локална самоуправа е фокусирано и кон поддршка на процесот за дигитализацијата на услугите на локалната самоуправа со цел создавање на модерни, дигитализирани општини кои ќе бидат поефикасни, поуслужни и подостапни за секој граѓанин.

Сите присутни на средбата се заложија дека ќе продолжат со континуирана соработка со централната власт, со единствена и јасна цел, поквалитетно секојдневие на секој граѓанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот