Прва победа сезонава за Серхио Перез („Ред Бул“)/Монте Карло, Монако/29 мај 2022/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Перез триумфираше во Монако и се врати во борбата за титулата

Серхио Перез е победник на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако по хаотичната трка во Монте Карло. Второто место му припадна на Карлос Саинц, а трет Макс Ферстапен. Домашниот возач Шарл Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата, го освои само четвртото место.

Стартот на трката доцнеше повеќе од еден час поради обилните врнежи од дожд кои престанаа по стартот на трката и возачите почнаа да ги менуваат гумите во 22 круг. Ферари го повика Саинц во „боксот“, а потоа и Леклер. Сфаќајќи ја грешката, техничарот му рекол на Леклер да остане на патеката, но веќе било доцна бидејќи Леклер веќе влегол во „боксот“.

Така, Ферари му ги отстапи првите две места на Ред Бул, а Леклер преку радио му викаше на тимот прашувајќи се зошто му го направиле тоа. Четири круга подоцна, Мик Шумахер се вртеше на патеката и со голема брзина удри во заштитната ограда. Од силината на ударот неговиот болид буквално се преполови, за среќа младиот Германец избегна посериозни повреди.

ВИДЕО: Голем инцидент во Монако, преполовен болидот на Мик Шумахер

По следните влегувања во „боксот“, Саинц се проби на второто место, Ферстапен го задржа третото, а Леклер четвртото место и редоследот не се промени до крајот на трката, иако во еден момент трката беше рестартирана поради поместена бариера.

Така Перез дојде до својата трета победа во кариерата откако славеше во Бахреин во 2020 година како возач на „Рејсинг Поинт“ и минатогодишната победа во Баку во болидот на „Ред Бул“.

На табелата кај возачите води Ферстапен со 125 бодови, пред Леклер кој има 116, а трет е Перез (110). Следната трка ќе се вози за Големата награда на Баку (Азербејџан) на 12 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот