
Перез: Никој не излезе од Суперлигата, продолжуваме со проектот!
Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид и контроверзниот проект „европска Суперлига“, среде ноќ гостуваше во познатото шпанско радио „Кадена Сер“.
Препорачано
Шпанецот зборуваше без влакна на јазикот за дебаклот на проектот кој предизвика лавина коментари и пресврти во фудбалскиот свет.
Да потсетиме, 12 големи европски клуба (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Арсенал, Тотенхем, Јувентус, Милан и Интер) ја основаа Европската Супер лига во неделата вечерта, натпреварување како пандан на Лигата на шампионите. По огромниот притисок од фудбалската јавност, навивачите, играчите, тренерите, Владите, националните федерации..само 48 часа по основањето на лигата, доживеа целосен колапс, англиските клубови беа првите кои ја напуштија Суперлигата. Во средата, исттото го направија уште Интер, Милан и Атлетико Мадрид.
Дефинитивно „НЕ“ за Суперлигата сè уште официјално не е кажано само од Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, иако за „Старата дама“ имаше информации дека и таа се откажа од проектот сметајќи го една страна како валиден, но во овој момент нема услови истиот да се реализира.
Перез тврди дека Јувентус и Барселонаа остануваат во проектот на „чекање“ и истакна дека никој не ја напуштил Суперлигата, бидејќи за тоа ќе „платат казни“.
– Никој не се откажал во овој момент од проектот, бидејќи никој не „платил казни“ за тоа. Имаше клубови кои не беа претерано заинтересирани за учество, но ги потпишаа договорите. Колкави се „казните“? Тоа нема да ви откријам – рече Перез.
Шефот на „кралскиот“ клуб призна дека го погоди моменталната ситуација:
– Тажен сум. Работивме на ова веќе три години. „Ла Лига“ е недопирлива, но форматот на Лигата на шампионите е застарен и интересен е само од четвртфиналето. Изгубивме 650 милиони евра минатата сезона и очигледно е дека форматот не е добар. Ние направивме формат во кој најдобрите европски тимови играат од самиот почеток. Можете да добиете повеќе пари таму каде што големите не губат поради солидарност со другите. Работевме на проектот долго време, но можеби не ја претставија добро нашата идеја – додаде Перез.
Малдини им се извини на навивачите: Сопствениците носеа одлуки, не бев јас
Го коментираше и хаосот кој настана веднаш по основањето на Суперлигата.
– Никогаш не сум видел таква агресија од претседателот на УЕФА, таа беше оркестрирана, од закани до разни навреди, како да сме убиле некого. На фудбалот му треба спас. Следуваа комплицирани настани и Англичаните изгубија интерес. Започна валкана кампања, манипулации, сакаа да нè претстават како група која ќе го убие фудбалот. Но, вистина е дека има луѓе кои имаат привилегии и не сакаат да ги изгубат – се зборовите на Перез.