Луѓе пазарат во маркет / Фото: илустрација /Слободен печат / Драган Митрески

Пепељугоски: „Кошничките“ не вршат работа – по ограничувањето цените одат уште повисоко

Адвокатот Валентин Пепељугоски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека владините мерки за намалување на цените на храната и основните производи, т.н. „кошнички“ не ја завршуваат работата за која се наменети.

Според него, откако ќе помине периодот во кој се ограничени маржите на трговците, тие уште повеќе ги покачуваат цените.

„Со временото ограничување на цените, после имате експанзија на цените. Јас сум поборник за тоа пазарот да функционира, државата да ги востанови правилата на игра, а ако некој ги крши, тогаш да интервенира и да го казни“, вели Пепељугоски.

Пепељугоски вели дека постои политичко влијание околу темата и смета дека министерот за економија „нема причина да зборува“ за казните за трговците кои не ги почитуваат правилата, за што е надлежна Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Да престанеме со административните мерки. Тие се најлесни да ги донесете, ама тоа е изразување на немоќ“, рече Пепељугоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот