Фото: МИА

Пензионерите од Скопје на протест: Овие пензии не ги задоволуваат ниту минималните потреби за живот

Со минимална пензија од 12.000 денари не може да се живее, раскажува пензионерката Вера Стојановска која денеска протестираше пред Жена парк, во Скопје. Таа вели дека сè уште немаат купено лубеница, бидејќи не можат да си дозволат. Порача дека минималната пензија треба да биде 25.000 денари, бидејќи зголемени се трошоците за живот, се плаќаат повисоки сметки за струја, вода, а зголемени се и трошоците за храна.

Пензионерите од главниот град денеска одржаа протест пред Жена парк, со што им се приклучија на пензионерите од другите градови кои веќе излегоа и побараа покачување на минималната пензија и линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите.

Фото: МИА

Досегашниот износ не ги задоволува ниту минималните потреби за едно обично нормално живеење на луѓето..Ситуацијата во која пензионерите се наоѓаат со пензиите е неиздржлива, едноставно не може да се живее со толку пари. Образложенијата на министерката за труд и социјална политика и претседателката на пензионерите не држат, нема што да се чека институционално. Покачувањето на платите на функционерие за 78 отсто можеше одма да се донесе, а за нас е долг патот – вели една од пензионерките.

На прашњето дали ќе одржат заеднички протест со пензионерите од другите градови, тие информираат дека предвидено е на 14 август во Скопје да се одржи протест, а се надеваат дека ќе биде помасовен, со што ќе има можност да допре повеќе до тие кои треба да одлучуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот