
Пензионерите од Центар може да побараат помош за извршување на секојдневните активности
Општина Центар денеска го објави јавниот повик за реализација на проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“, преку кој и оваа година се обезбедува директна помош и поддршка за пензионерите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Услугата подразбира помош од негуватели и физиотерапевти во секојдневните активности: одржување на мобилноста, лична хигиена, пазарење, набавка на лекови и други потреби, со цел животот на пензионерите да биде полесен и достоинствен.
Со овој проект ги покриваме потребите на 90 повозрасни сограѓани и имаме одлични резултати. Корисниците се презадоволни, во тоа и лично се уверив во разговорите со нив. Ова е наша трајна обврска кон оние кои го изградија Центар, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
На јавниот повик може да се пријават сите жители на Општина Центар постари од 62 години, кои имаат потреба од помош во секојдневните активности, коишто се корисници на пензија или социјална помош со месечен приход до 35.000 денари.
Општина Центар ќе доделува стипендии за ученици во износ до 3500 денари
За пријавување потребни се копија од лична карта, потврда за пензија или социјална помош и медицинска документација не постара од една година. Пријавите се поднесуваат во Архивата на Општината, а повикот е отворен до исцрпување на средствата.
Од Центар информираат и дека градоначалникот Герасимовски најавил дополнителни мерки за поддршка на пензионерите во наредната година, вклучувајќи изградба на современ старски дом и двојно зголемување на еднократната финансиска помош.