
Пензионери протестираа во Свети Николе: Пензиите да се покачуваат само линеарно
Во Свети Николе денес пензионери организираа протест, изразувајќи го своето барање за рамномерно зголемување на пензиите. Тие апелираат од септември натаму корекцијата на пензиите да се базира на линеарен модел, наместо на процентуален.
Препорачано
Трајче Станојков, член на Иницијативниот одбор на пензионерите, рече дека само со ваков пристап може да се обезбеди пристоен живот и да се редуцираат разликите помеѓу највисоките и најниските пензии во државата.
„Да продолжиме да си го бараме тоа истото покачување односно усогласување на пензиите линеарно, не процентуално”, рече Станојков.
Според Трајче Митев, пензионер од Штип, координираната акција може да доведе до остварување на посакуваната цел.
Покрај барањето за линеарно зголемување, пензионерите исто така инсистираат на оставка од сегашната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајковска.
Пензионери од Свети Николе, Штип, Куманово и други градови нагласија дека ќе го бојкотираат гласањето во октомври, доколку нивното барање за линеарно усогласување на пензиите не биде исполнето до септември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
22мин
-
37мин
-
50мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5