Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од Силјановска и од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе достави до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова и од ВМРО-ДМПНЕ, која што ја поддржува нејзината кандидатура, информираат од Медиа центарот на Пендаровски.

-Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати, на јавните собири и митинзи, искажаа лични навреди и клевети за кандидатот за претседател Пендаровски, кои што, освен што го нарушуваат неговото достоинство и неговите чест и углед, исто така содржат и елементи на говор на омраза, со што наведените може да поттикнат други лица да сторат дела од омраза. Пендаровски материјалот ќе го достави до ДИК, чиј што Кодекс за фер и демократски избори го потпиша кандидатката и партијата која ја поддржува, до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, до делегација на ЕУ, како и до амбасадите на земјите членки на НАТО и Европската Унија, во нашата земја – велат од Медиа центарот.

Од таму додаваат дека со оглед на тоа што ДИК одлучува по приговори, а не по претставки, во врска со почитувањето на одредбите од Изборниот законик и до Комисијата ќе се достави материјалот заради нивно информирање.

-Тие, како носители на изборниот процес, имаат морална обврска да се запознаат со флагрантното кршење на Кодексот од кандидатката и партијата ВМРО-ДПМНЕ – велат од Медиа центарот на Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот