
Пендаровски-Рубин: Дезинформациите имаат потенцијал да влијаат врз крупни политички и граѓански процеси и кај нас и во светот
Справувањето со дезинформациите и нивното влијание врз демократските процеси на глобално ниво, беше главната тема на денешната средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент.
Препорачано
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, Пендаровски оценил дека дезинформациите имаат потенцијал да влијаат врз крупни политички и граѓански процеси и кај нас и во светот и поради тоа се една од приоритетните закани за националната безбедност на многу држави.
Во таа насока, тој ја нагласил потребата од постојано вложување во ресурси и вештини за нивно препознавање и разобличување, како и создавање на национални стратегии за опсежен одговор на дезинформациите
Претседателот ја истакнал и посветеноста на Северна Македонија да продолжи активно да работи за јакнење на отпорноста кон дезинформациите, превенирање и намалување на штетните влијанија, вклучувајќи ја отпорноста на кампањите на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат антизападно расположение кај македонските граѓани, и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции.
Џејмс Рубин во Скопје на разговори за справување со руските дезинформации
Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година.
Има 35-годишна кариера во надворешната политика. Работел како дипломат, политички советник, коментатор, професор и репортер.
Рубин беше портпарол на Стејт департментот за време на војната на Косово, а до 2022 година и помошник државен секретар, за време на мандатот на Медлин Олбрајт, во администрацијата на претседателот Бил Клинтон.