Фото: ФК Пелистер

Пелистер не чекаше долго, избра наследник на Капинковски

По слабата серија резултати на стартот од сезоната, раководството на Пелистер реши да направи промена на клупата и да се раздели со Димитар Капинковски. Под негово водство, битолскиот прволигаш освои само седум бода во девет кола, што доведе до разочарувачка позиција на табелата, 10. место.

Новиот предводник на „зелените“ е Милан Стојаноски за кого ова ќе биде прв ангажман во македонскиот фудбал. Тренерската кариера досегаа ја градел во Србија каде што работеше во клубовите ИМТ Белград, Зрењанин и Телеоптик.

Стојаноски е поранешен фудбалер со богата кариера, настапувајќи за неколку српски клубови, меѓу кои и белградски Партизан, како и во странство во Иран, Кипар и Израел.

Со оглед на позицијата главна цел со Пелистер до крајот на сезоната ќе му биде да избегне испаѓање.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот