Фото: Инстаграм

Пејачот Шпат Касапи ќе се кандидира за ПРАТЕНИК во македонското Собрание (ФОТО)

Познатиот албански пејач од Македонија, Шпат Касапи, планира да влезе во светот на политиката, исто како и неговата мајка која е пратеничка од редовите на СДСМ на Зоран Заев, додека Шпат е член на СДСМ огранокот во Тетово, пренесува Тетова Сот.

Во емисијата “Недела“, Шпат Касапи кажа дека размислува да ја побара довербата на народот на начин што ќе им служи во Собранието на Македонија.

– Размислувам да влезам во политика. Ќе станам пратеник доколку народот ми верува – изјавил тој.

На прашањето  дека порано девојките за него ја кубеа косата, сега што прават, Касапи одговори:

– Порано ја кубеа косата, сека го кинат креветот за мене.

За тоа кога планира да се жени, пејачот вели дека нема нешто конкретно

– Немам нешто конкретно. Мама не се меша во моите врски. Јас ги бирам секогаш – изјавил Шпат Касапи.

Инаку, згодниот пејач Касапи е познат веќе подолго време на албанската и македонската музичка сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот