Павел со критики до сојузниците од НАТО дека ги прекршиле ветувањата дадени на Украина

Петр Павел / Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Претседателот на Чешката Република, Петр Павел денеска во Италија ги критикуваше НАТО сојузниците, оценувајќи дека тие ги изневериле ветувањата дадени на Украина и со тоа ја отежнале нејзината контраофанзива, како и дека Западот треба да му даде на Киев сè што му е потребно, за да го врати суверенитетот и да воспостави контрола на своите граници.

„Било што помалку од тоа би бил наш пораз. А руската победа во иднина би се свртела против нас бидејќи би зајакнало нивното уверување дека своите цели можат да ги остварат со сила и би ги потикнале сите режими во светот да сметаат на слабоста на западните демократии“, рече Павел во интервју за италијански весник „Кориере дела Сера“.

Павел, кој претходно беше на чело на Воениот комитет на НАТО, предупреди дека Западот не го исполнил ветувањето за Украина за снабдување со артилериска муниција и посочи дека обуката на пилотите на американските авиони Ф-16 оди побавно од очекуваното и дека Германија се двоуми дали да испрати ракети „Taurus“, кои Украина ги очекува, пренесуваат чешките медиуми.

„Ова предизвикува нерамнотежа во испораките, а неизвесноста на украинската страна не е добра основа за воено планирање. Оваа година Украина имаше шанса само за една голема контраофанзива. Тие се скапи, напорни и долготрајни, не можат да се извршат две или три контраофанзиви во текот на една година“, рече Павел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот