Пауновски: Еден од инспекторите од Куманово позитивен на Ковид-19, оставете ги инспекторите да си ја вршат работата

Одреден број угостители и трговци го нарушуваат добриот тек на почитување на мерките и затоа ДПИ од четвртокот наваму има поднесено 28 кривични пријави и 38 прекршочни пријави и 43 нерегистрирани даночни обврзници. Кај сите нив се или ќе се превземаат мерки, рече на денешната прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

-Да се остават инспекторите ревносно да си ја вршат работатат и да не ги вплеткуваат во политички игри. Единствен кој е инсталиран од оваа власт сум само јас, сите останати ми се наследени од претходните власти. Молбата е оставате ги да си ја вршат работата инспекторите, можете да реагирате само доколку осетите дека тие постапуваат онаму каде што не треба.

Инспекторите се луѓе. Денес во Куманово ќе мора целокупното одделение да го затвориме, бидејќи еден од вработените е позитивен на Ковид-19. Се правиме да ги заштитиме инспекторите и оние кои правилно ги почитуваат мерките и протоколите на Владата, рече Пауноски и додаде дека во врска со вчерашниот инцидент кога двајца инспектори не беа пуштени во објект во кој бил Мицкоски, кажа дека тие само си ја вршеле својата задача и дека ако се бара вина таа треба да се бара кај него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот