
Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе има проекција во селото Смилево
Магаренцето на „МакеДокс“ патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче. Патувачкото кино на „МакеДокс“ раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со приказни до кои ретко се допира, ако не се оди пред кооперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Патувачкото кино на „МакеДокс“ секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија. Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни.
Магаренцето во 2024 година ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско. Првата станица на која магаренцето ќе се растовари е во селото Смилево, каде на 20 јули ќе има проекција на отворено на документарниот филм „Манаки – приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски.
Првата проекција во Смилево е во соработка со Фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“ и НУ Смилевски конгрес.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 240, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21.7.2024)