
Патиките на Џордан од дебитантската сезона одат на аукција, ќе се продадат за рекордна сума
Патиките кои Мајкл Џордан ги носеше во 1984 година во неговата дебитантска сезона ќе се најдат на аукција, а според првичните проценки се очекува да се продадат за сума помеѓу 1-1.5 милиони долари.
Препорачано
Станува збор за модел на патиките „Nike Air Ship“, а аукцијата ќе се одржи на 24 октомври во Лас Вегас.
Овие патики Џордан ги носеше на 1. ноември 1984 година на натпреварот Денвер нагетс и тоа беше негов петти натпревар ви НБА лигата. Очекувањата се дека патиките ќе бидат продадени за рекордна сума, односно ќе бидат продадени за повеќе од милион долари.
Досегашната максимална сума која е платена за пар патики изнесува 615.000 долари во август минатата година. Тоа беа патики од моделот „Nike Air Jordan1“ кои Мајкл Џордан ги носеше во 1985 година.
Интересно е што патиките кои ќе се продаваат на аукцијата се тие кои Џордан по натпреварот му ги подарил на еден собирач на топки од Денвер и дури му ги потпишал.
Овој модел на патики ги дизајнирал Брус Килгоре кој на Џордан како талентиран кошаркар и потенцијална суперѕвезда му креирал посебна линија на патики.
Но, НБА лигата го забрани носењето на овие патики поради правилата на облекување на натпреварите и Џордан кој пат кога ќе ни носеше патиките заработуваше казна од 5.000 долари.
Want a pair of Michael Jordan’s size 13 rookie shoes?
His 1984 Nike Air Ships are expected to sell for between $1 million and $1.5 million in an auction later this month, via @AllisonPrang https://t.co/1Ujh71As80
— Steven Russolillo (@srussolillo) October 8, 2021