Фото: Flickr / Jim Bruce

Пат во Англија се затвора шест недели, причината е невообичаена

Патот во Бат, Англија, ќе биде затворен шест недели за да им се дозволи на жабите да премина до нивните места за размножување.

Станува збор за патот „Шарлком Лејн“, кој ќе биде затворен за сообраќај до 25 март, за да можат безбедно да преминат жаби, крастави жаби и мрморци. Ова не е првпат патот да се затвора, тоа се прави секоја година од 2003 година во соработка со надлежните организации, пишува Би-би-си.

Оваа област ќе ја патролираат членовите на спасувачката група „Шарклом тоад“ (Charlcombe Toad) за да им помогнат на водоземците успешно да го завршат своето патување.

Се проценува дека 2.500 водоземци ќе го поминат патот до езерото, каде што ќе се парат и ќе се размножуваат. Жабите обично патуваат по самрак, помеѓу февруари и март, но преминувањето на патот е многу опасно за нив.

„Во Шарлком водоземците често се заробени од големи камени ѕидови, па доброволците патролираат секоја вечер и ги преместуваат на безбедно за да можат да го продолжат своето патување. Околу 20 тони жаби се убиваат на патиштата секоја година, а нашата група прави сè што може за да се осигура дека водоземците ќе преживеат“, изјавила Хелен Хобс, една од оние што им помагаат на животните.

Од истата причина секоја година се затвора и пат во Линколншир, Англија. Жабите се познати по нивната масовна миграција во нивните места за размножување за време на првите топли и влажни вечери во годината, често околу Денот на вљубените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот