Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Пашињан повторно избран за премиер на Ерменија

Никол Пашињан денеска е именуван за претседател на Владата на Ерменија.

„Тој беше предложен од неговата партија Граѓански договор“ се наведува во денешниот указ на ерменскиот претседател Армен Саркисијан.

Партијата Граѓански договор, која има апсолутно мнозинство во Парламентот, предложи Пашињан да биде именуван за премиер.

Граѓански договор победи на изборите одржани на 20 јуни годинава и освои 71 мандат од вкупно 107.

Претседател и заменик -претседател на Парламентот, како и шефовите на постојаните комисии, ќе бидат избрани на првата седница, а најавени се промени во структурата на владата, иако се уште не е познато за какви промени станува збор.

Денешната седница на Парламентот започна со скандал, бидејќи опозицијата побара да се испита законитоста на одлуката за притвор донесена против двајца опозициски пратеници, по што беше одредена пауза.

Пашињан беше премиер на Ерменија од мај 2018 година, а од 2018-та до 2021-ва година беше пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот