Парусион груп - Фото: Промо

„Парусион груп“ издадоа нова песна со пејачката Катја Корен од Словенија

Групата „Парусион“ на перкусионистот Михаил Парушев ја издаде новата песна со наслов „Чиста љубов“ (Pure Love), на која како вокал гостува Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД.

Музиката и арнажманот на песната ги потпишува Парушев, а Корен го напиша текстот. Во песната, покрај нив свират и познати македонски музичари – Зоран Костадиновски на гитара, Дамир Имери на клавијатури, Иван Бејков на бас гитара, а Парушев свири тапани.

Прушев вели дека Катја Корен ѝ дала свој карактеристичен печат на песната, а својот вокален дел го снимила во Лос Анџелес.

– Ова е стара песна која ја има на нашиот албум „Агол“ од 2022 и тогаш се викаше ‘Барање’ (Searching). Сега е со нов текст и со нов аранжман. Песната е љубовна и на сите многу ни се допаѓа. Наскоро ќе се снимиме и македонска и српско-хрватска верзија -вели Парушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот