
Партизан загуби од Баерн и ги намали шансите за плеј-ин во Евролигата
Во рамките од 32 коло во Евролигата кошаркарите на Баерн со 89:74 славеа против Партизан.
Препорачано
За германскиот претставник Едвардс беше најефикасен со 25 поени, а на спротивната страна за српската екипа Џонс имаше „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 10 асистенции.
Партизан по овој пораз ги намали шансите за плеј-ин и сега ќе мора да зависи од резултатите на другите ривали, односно во овој случај Црвена звезда која треба да слави против Реал Мадрид, а „црно-белите“ мораат да одат на победа во двата преостанати дуели против Жалгирис и Реал. Партизан против Реал мора да победи со поголема разлика од онаа со која загуби во Шпанија. Воедно Ефес не смее да запише ниту една победа бидејќи има подобар скор од Партизан, а и дека Париз нема да оствари три победи во последните три кола.
Олимпија Милано пред своите навивачи загуби од Барселона со 88:98.
Кај италијанскиот тим македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот само помина една минута и 41 секунда без никаков учинок.
Се одиграа уште два мечеви: Лион Вилербан – Жалгирис Каунас 88:79, Олимпијакос – Монако 77:80.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
56мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5