Фото: AC Milan

Партизан се засилува со фудбалер на Милан кој има настап и во Лигата на шампионите?

Екипата на Партизан е блиску до ново засилување во прашање е крилниот напаѓач на Милан, Чака Траоре, кој би можел да се пресели во таборот на црно-белите.

Станува збор за млад и талентиран фудбалер кој и покрај тоа што доби шанса во првиот тим на „росонерите“, не успеа да се избори за место поради повреда. Сепак, Траоре остави добар впечаток минатата сезона, постигнувајќи гол против Емполи и настапувајќи во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Во декември ќе наполни 21 година.

Како што пренесува „Спортал“, Траоре веќе разговарал со тренерот на Партизан, Игор Благојевиќ, и добил позитивни впечатоци за клубот. Иницијативата за трансферот дошла токму од фудбаалерот, кој изразил желба да му се приклучи на белградскиот тим, но на позајмица.

Останува да се договорат уште финансиите. Во Милан, Траоре има месечна плата од 30.000 евра, но за да го облече дресот на Партизан, ќе мора да прифати значително пониски примања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот