Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Партијата на проевропската претседателка Маја Санду води на изборите во Молдавија

Партијата Акција и солидарност (ПАС) на Проевропската претседателка Маја Санду води на парламентарните избори во Романија по половина од преброените гласови, пренесе „Политико“.

Според прелиминарните резултати од парламентарните избори, во Парламентот би влегле четири формации: Патриотскиот политички блок, Партијата за акција и солидарност, Партијата за демократија дома и Наша партија. ПАС води со 42,4 отсто од гласовите, додека нејзиниот ривал, проруската коалиција Патриотски политички блок има 29 отсто.

Ситуацијата во земјата е тензична поради што полицијата ги засили безбедносните мерки во главниот град на Молдавија. Бројот на патроли е значително зголемен, а посебно внимание е посветено на зградата на Парламентот. Може да се видат и многу полицајци во цивил.Претходно, молдавската полиција изјави дека се планираат провокации од страна на саботери.

Според аналитичарите, изборите во Молдавија се клучни за насоката во која ќе се движи земјата од 2,4 милиони луѓе – дали ќе го продолжи патот кон Европската унија или ќе потпадне под влијание на Москва. Изборите се одржуваат во услови на широко распространети обвинувања за руско мешање. Проевропската претседателка Санду и нејзината владејачка партија се соочуваат со Патриотскиот изборен блок, коалиција од проруски и советско-носталгични партии предводени од поранешниот претседател Игор Додон, кој беше поразен од Санду во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот