Фото: ЈП „Градски паркинг“

Паркиралиштата во Центар се чистат од ѓубре и паднати лисја

ЈП „Градски паркинг“ заедно со екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа акција за генерално есенско чистење на сите затворени и зонски паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Од паркиралиштата се чисти ѓубрето и паднатите лисја, деновиве на паркинзите во општина Центар, според однапред подготвен акциски план и распоред.

Акцијата за редовно одржување на хигиената со чистење на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, ќе трае една недела, а во почетокот на месец декември, ќе се спроведе уште една акција на генерално чистење, кадешто ќе бидат опфатени и зонските паркиралишта во Аеродром – информираат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот